Тен Хаг предупредува: Само најсилните ќе преживеат!

July 30, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Тен Хаг предупредува: Само најсилните ќе преживеат!

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг испрати сериозно предупредување до играчите на клубот за тоа како ќе стојат работите. Промените кои се направени во клубот, покрај луѓето во управата, се и во медицинскиот персонал. Неверојатен е податокот што играчите на Јунајтед лани имале околу 70 повреди. „Оваа сезона ќе биде опстанок на најсилните. Сакам да го имам најсилниот можен тим. Веќе направивме двa добри трансфери, а кога сите ќе бидат подготвени, овој тим може да победи секого“, изјави Тен Хаг. По трансферите на Џошуа Зиркзе и стоперот Лени Жоро, се очекува Јунајтед да направи уште три до четири трансфери каде воедно ќе мораат и да продадат некого.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.