June 22, 2024 | | Свет
И покрај тоа што Ерик Тен Хаг ќе остане тренер на Манчестер Јунајтед, очигледно е дека тензии и понатаму постојат. Она што било проблем за управата на Јунајтед е тоа што Тен Хаг открил на јавноста дека пред да се потврди дека тој ќе остане тренер, клубот преговарал и со други тренери. Тоа ги налутило ко-сопственикот на Јунајтед, Џим Ретклиф и неговиот асистент Дејв Брејлсфорд, пренесува „The Sun“. Ситуацијата ја коментираше и Алан Ширер кој вели дека вината не е кај менаџерот, туку кај раководството. „Каков хаос е тоа, не знам како е можно луѓето од клубот да отидат кај него на Ибица и да му кажат дека преговарале со други тренери. Тоа е бизарна ситуација, не се прави така во фудбалот“, смета Ширер. Тен Хаг уште не потпишал нов договор со Јунајтед, но преговорите се во напредна фаза и се очекува скоро да биде официјалниран тој договор.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |