Тен Хаг: Рашфорд ќе биде како шише со кечап, кога ќе тргне, доаѓа многу повеќе

September 15, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Тен Хаг: Рашфорд ќе биде како шише со кечап, кога ќе тргне, доаѓа многу повеќе

Манчестер Јунајтед вчера издвои важна победа на незгодното гостување кај Саутемптон со резултат од 3-0. Според тренерот Тен Хаг, голот на Рашфорд кој го постигна својот прв гол сезонава е многу важен. Тој нема постигнато гол од март, а тренерот очекува дека најдоброто од него допрва следува. „Овој гол беше многу важен, секо напаѓач сака да биде на листата на стрелци. А, кога ќе дојде првиот гол, следуваат и останатите. Рашфорд ќе биде како шише со кечап, кога ќе тргне, доаѓа многу повеќе. Тој веќе има постигнато многу голови за Јунајтед и сигурен сум дека допрва доаѓа уште поголема бројка“, изјави Тен Хаг.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.