Тен Хаг реши да му одговори на Роналдо кој упати жестоки критики

September 12, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Тен Хаг реши да му одговори на Роналдо кој упати жестоки критики

Нападите на Кристијално Роналдо кон тренерот Тен Хаг, како и кон функционирањето на клубот не застанува. Пред неколку дена Роналдо изјави дека во клубот се потребни огромни промени, дека тренерот не чини и дека во клубот треба да бидат луѓе кои го познаваат клубот. Конкретно за тренерот на Јунајтед Роналдо рече дека тренерот мора да каже дека Јунајтед како тим ќе се обиде да се бори за освојување на титули. Токму Холанѓанецот денеска беше запрашан за коментарите на Роналдо па тој реши да му „врати“. „Тој е многу далеку од Манчестер, има свое размислување и тоа е во ред. Кристијано кажа дека Манчестер Јунајтед не може да ја освои Премиер лигата, ако подобро го прочитате текстот. Сега Роналдо е далеку, во Саудиска Арабија, далеку далеку од Манчестер. Сите смеат да имаат свое размислување, тоа е нормално“, изјави Тен Хаг. Јунајтед лошо ја почна сезоната каде веќе имаат два порази од кои еден тежок против најголемиот ривал Ливерпул со 3-0 и тоа на „Олд Трафорд“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.