Тен Хаг: Резултат се и двата освоени поена против Фенер и Порто!

October 24, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Тен Хаг: Резултат се и двата освоени поена против Фенер и Порто!

Манчестер Јунајтед сè уште не знае за победа во Лигата на Европа откако и денеска ремизираше и тоа против Фенербахче. „Црвените ѓаволи“ одиграа скромни 1-1 против Фенербахче на Мурињо. Резултатот го отвори Кристијан Ериксен со гол во 15. минута на асистенција на Зиркзе во една прекрасна тимска акција. Домаќините се вратија во игра на самиот старт на вториот дел преку Ен Незири во 49. минута на асистенција на Сен-Максиман и така беше поставен конечниот резултат. По натпреварот, Тен Хаг имаше интересна изјава со која најверојатно фановите на Манчестер Јунајтед нема да бидат среќни. „Два поени на гости против Фенербахче и Порто, и тоа е резултат. Но, секако, сакаме да ги победуваме ваквите натпревари. Сакаме да победуваме секој натпревар“, изјави Тен Хаг.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.