Тен Хаг: Требаше да го победиме Фенербахче

October 25, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Тен Хаг: Требаше да го победиме Фенербахче

Манчестер Јунајтед сè уште не знае за победа во Лигата на Европа сезонава. „Црвените ѓаволи“ имаат само три бода после првите кола каде ремизираа со Твенте, Порто и Фенербахче. Ерик Тен Хаг изјави дека е задоволен од освоениот бод иако смета дека требало да ги освојат сите три бода. „Требаше да го добиеме натпреварот, но на крајот знаеме дека тука е тешка атмосфера, па ќе се задоволиме со бод. Со две тешки партии на гости имаме два бода и сега ќе имаме два меча на „Олд Трафорд“ кои мора да ги освоиме доколку сакаме да одиме понатаму во Европа“, рече Тен Хаг. Холанѓанецот воедно даде објаснување зошто Мазрауи играше на позицијата „десетка“. Го ставивме Мазрауи на позицијата десет. Го познавам од Ајакс, понекогаш го ставам таму да игра на таа позиција. А како бек во нашиот систем често игра на полупростор, па е способен за таа задача. Добар е што се однесува на пресингот, а потоа во текот на натпреварот ќе видиме што уште треба да игра на други офанзивни позиции доколку е потребно, но може да биде добар и во дефанзивна смисла во средина“, објасни тој.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.