Тен Хаг: Уживам во пресметките со Мурињо!

October 21, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Тен Хаг: Уживам во пресметките со Мурињо!

Манчестер Јунајтед ќе гостува кај Фенербахче во рамките на третото коло од групната фава во Лигата на Европа. Тен Хаг имаше само пофални зборови за неговиот противник и поранешен тренер на Јунајтед, Жозе Мурињо. „Ова е важен натпревар за двете екипи. Уживам во соочувањата со Мурињо и да играм против неговите екипи. Секогаш има добри тимови, тој е голем победник и има освоено многу трофеи. Пример е за многу менаџери. Духот во екипата секогаш бил висок, но расположението е подобрено по победата викендов. Сите тимови имаат високи очекувања, така што мора да победуваме. Секој меч мора да покажеме одлучност. Кога ќе се победи уживаме 24 часа и потоа одиме понатаму. Тоа е фудбалот, за тоа се живее. Минатото е минато, мора да се докажувате секој ден. Одиме во тој стил, нашата цел е да го освоиме трофејот“, изјави Тен Хаг. Овој дуел ќе се одигра во четврток во 21:00 часот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.