Тен Хаг за ѕвездата на Јунајтед: Животот мора да си го среди!

September 21, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Тен Хаг за ѕвездата на Јунајтед: Животот мора да си го среди!

Во последните два натпревари на Јунајтед против Саутемптон и Барнсли, Маркус Рашфорд го подигна нивото на игра. Минатата сезона беше ужасна за него, а ваквите натпревари се идеална шанса да го поправи впечатокот. Тој постигна три гола на последните два натпревари, а зборувајќи за него, Тен Хаг рече дека тој полека се враќа на вистинскиот пат, но и дека треба да биде подисциплиниран и позрел во градењето на животниот стил. „Ако животниот стил не ви е добар, тогаш не може да очекувате добри перформанси на теренот. Тоа го знае Рашфорд, но го знае и било кој друг играч во светот. Ако немате добар и дисциплиниран живот надвор од Карингтон, не може да очекувате да бидете на високо ниво. На Рашфорд повремено му е потребна помош, потребна му е поддршка, но на крајот од денот, тој е оној што ги носи сите одлуки. Мора да си го среди животот, мора да има правилен пристап на тренинзите и на натпреварите. Кога ќе биде целосно професионален, тогаш ќе ги видиме и најдобрите перформанси од него. Маркус имаше неколку падови и знаеше како да се издигне, сега треба да продолжи по патот кој го избра. Во последно време има контрола на се што му се случува во животот и се враќа на вистинскиот пат. Ја стартуваше сезоната многу добро и треба да продолжи во тој правец“, рече Тен Хаг. Јунајтед ова коло ќе има тешко гостување и тоа кај Кристал Палас.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.