Тен Хаг за продажбата на детето на клубот: Јас не ја донесов таа одлука!

October 20, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Тен Хаг за продажбата на детето на клубот: Јас не ја донесов таа одлука!

Ерик Тен Хаг изјави дека е задоволен од играта на неговиот тим во дуелот против Брентфорд. Холанѓанецот додаде дека како тим, покажале дека можат да играат убав и допадлив фудбал. Одредени италијански експерти како Ѕола и Ди Канио упатија критики до Манчестер Јунајтед за продажбата на Скот МекТоминеј во Наполи кој засега одлично се снаоѓа во италијанскиот клуб. „Јас не сакав Скот да си оди, тоа се работи за кои решава клубот. Мораше да се изврши продажба за да се израмнат сметките и да се испочитуваат правилата и клубот беше приморан да направи такво нешто. Ептен сум среќен за него и за тоа што му се случува во Италија“, изјави Тен Хаг.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.