Тен Хаг за тоа каде треба да игра Рашфорд: Подобро игра на друга позиција!

August 4, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Тен Хаг за тоа каде треба да игра Рашфорд: Подобро игра на друга позиција!

Манчестер Јунајтеед одигра слаба пред сезона каде упишаа две победи и три порази. Тен Хаг веќе мора да размислува за наредниот натпревар против градскиот ривал Манчестер Сити каде ќе се борат за трофејот Комјунити Шилд. Јунајтед повторно наиде на огромен проблем со повредите па веќе е јасно дека тој периодов нема да смета на засилувањето Јоро и напаѓачот Хојлунд, што значи дека Холанѓанецот пак ќе мора да импровизира. Наводно, Тен Хаг планира да го користи Џејдон Санчо како лажна деветка и на дуелот со Сити. „Ако Санчо не беше опција, немаше ни да се обидуваме такво нешто. Рашфорд играл на таа позиција и претходно и секако е опција, но мислам дека е попродуктивен кога игра на левата страна и пробива кон централниот дел на теренот“, изјави Тен Хаг. Дуелот ќе се одигра наредната сабота со почеток од 16 часот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.