June 12, 2025 | | Свет
Еден од најнаелектризирачките дуели на Балканот ќе се одигра на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград во октомври, каде што репрезентациите на Србија и Албанија ќе ги одмерат силите во рамките на квалификациите за Светското првенство 2026. Натпревар кој одамна ги надминува границите на обичен фудбалски спектакл, а овојпат доаѓа со уште поголема тежина – спортска, симболична и емоционална. Стадионот кој е синоним за фудбалска историја – домот на Црвена Звезда ќе прими над 50.000 гледачи, а се очекува билетите да бидат разграбани. Трибините ќе бидат обоени во боите на страста, а атмосферата ќе биде блиска до точката на вриење. Но покрај борбата за бодови, овој меч носи и важна порака – дека спортот може да обединува и во ситуации кога историјата, политиката и емоциите се испреплетени. Последниот нивен судир заврши без голови (0-0) во Албанија, но со многу тензии на и надвор од теренот. Овојпат, сите очи се вперени во тоа како двете нации ќе ја претворат оваа пресметка во вистински спортски празник.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |