September 19, 2024 | | Свет
Моменталната атмосфера во тимот на Милан е хаотична. Столчето на тренерот Фонсека и тоа како се тресе по последните резултати, а дербито со Интер во недела би можело да му биде последен натпревар на клупата на Милан. Досега Милан издвои победа само против Верона со 4-0, а веќе се зборува и за неговата замена. Најверојатно само победа против градскиот ривал би можела да го спаси Фонсека барем на одреден период. Доказ за лошите односи се денешните настани каде денешниот утрински тренинг требало да започне во 11:00 часот, но Златан Ибрахимовиќ во тие моменти имал состанок со фудбалерите каде наводно разговарал со нив за тоа што мислат за тренерот и за целата ситуација околу него. Околу половина час доцнел тренингот, а најверојатно после дуелот во недела, ќе биде позната иднината на Фонсека.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |