Тензично во Милан: Леао и Ернандез воопшто не комуницираат со тренерот! (ВИДЕО)

September 1, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Тензично во Милан: Леао и Ернандез воопшто не комуницираат со тренерот! (ВИДЕО)

Милан вчера одигра 2-2 на гостувањето кај Лацио, а најголемите ѕвезди Рафаел Леао и Тео Ернандез натпреварот го започнаа од клупата. Очигледно нешто не е во ред во редовите на Милан, а најдобро покажува моментот во 73. минута кога судијата го прекина мечот за освежување на фудбалерите каде Леао и Тео беа на страна од нивниот тим во моментот кога тренерот даваше инструкции и насоки. Очигледно е дека беа лути поради тоа што беа оставени на клупата за ваков голем натпревар. Двајцата влегоа во 70. минута а по само две минути Леао успеа да постигне гол на асистенција на Абрахам. Во првите три кола Милан има само два бода, а веќе засилуваат шпекулациите дека тренерот Фонсека наскоро би можел да биде сменет ако продолжат ваквите резултати.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.