June 25, 2024 | | Свет
Франција е скоро веќе пласирана во нокаут фазата и тоа без ниеден нивни играч да постигне гол бидејќи единствениот беше автогол. Франција е уште една репрезентација каде атмосферата не е перфектна. Селекторот Дидие Дешамп на прес-конференција зборуваме за Антоан Гризман и го прозва за слабите игри против Австрија и против Холандија. „Зад Гризман е тешка сезона. Не е лесно да се биде во срцето на средниот ред кога средбите се со таков интензитет, нормално е што тој се мачи. Не е тајна дека очекуваме повеќе од него, како и од дел од останатите фудбалери“, изјави Дешамп. ,,L’Èquipe’’ пак пренесува дека Гризман бил бесен по ваквиот коментар на селекторот. Гризман смета дека експериментот со неговата улога каде играше во средниот ред со Австрија, а потоа во нападот против Холандија е една од причините за неговите послаби изданија, а одлуката Дешамп да не преземе дел од вината врз себе дополнително го исфрустрирала Антоан. Ќе биде интересно да се види дали Гризман ќе биде на клупата бидејќи тој е еден од клучните играчи во Франција.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |