Тензии во Брисел: Навивачите го прекинаа мечот помеѓу Андерлехт и Фенербахче (Видео)

February 20, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Тензии во Брисел: Навивачите го прекинаа мечот помеѓу Андерлехт и Фенербахче (Видео)

По инцидентите во Љубљана на дуелот меѓу Олимпија и Борац Бања Лука, немили сцени се случија и во Брисел, каде што Андерлехт и Фенербахче одиграа натпревар од плеј-офот во Лигата на Европа. Турскиот тим пристигна во Белгија со убедлива предност од 3-0 од првиот меч во Истанбул, а уште во 4. минута поведоа со голот на Ен Несири. Овој погодок предизвика хаос на трибините, каде што навивачите на двата клуба влегоа во судир, а на теренот беа фрлени бројни пиротехнички средства. Натпреварот беше прекинат на 20 минути, пред ситуацијата конечно да се смири и играта да продолжи.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.