June 10, 2024 | | Свет
Атмосферата во германската репрезентација изгледа не е добра пред самиот почеток на Европското првенство каде токму Германија е домаќин и ќе го отвори турнирот во петок во дуелот против Шкотска. Но, сериозни информации пристигнуваат од „Bild“ кој пренесува дека дошло до кавга меѓу Ридигер и Фулкруг. Напаѓачот бил во дуел со Ридигер каде изразил незадоволство бидејќи дефанзивецот на Реал Мадрид бил агресивен. Двајцата се оттурнале и си размениле погрдни зборови, а „Bild“ открива дека останатите спречиле поголем инцидент и не дозволиле караницата да прерасне во физичка пресметка. Помошникот тренер Сандро Вагнер морал да се вмеша и да ги раздвои. Ридигер потоа не се вратил со тимот и отишол на трчање со фитнес тренерот за да се смири.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |