March 10, 2025 | | Свет
На последниот тренинг на Ливерпул дошло до вербален судир меѓу Мохамед Салах и Трент Александар-Арнолд, што можеше да прерасне во поголем инцидент. Како што може да се забележи на видеоснимките, двајцата фудбалери имале бурна расправија, но останатите играчи кои биле во близина интервенирале и спречиле ескалација на ситуацијата. Овој конфликт во Ливерпул доаѓа во многу чувствителен момент, само еден ден пред реваншот против Пари Сен Жермен во осминафиналето на Лигата на шампионите. Во првиот натпревар, иако ПСЖ имаше поголема иницијатива, тимот на Арне Слот успеа да слави минимална победа од 1:0. Видеото погледнете го ТУКА.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |