Тензии во ПСЖ: Енрике во војна со две ѕвезди!

December 1, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Тензии во ПСЖ: Енрике во војна со две ѕвезди!

Откако одлично ја започнаа сезоната, работите за ПСЖ се влошија во последните недели. Луис Енрике се наоѓа пред сериозни проблеми, а ситуацијата во клубот е се понапната. Изгледа дека стратегот на „светците“ дефинитивно ја изгубил контролата над соблекувалната, а незадоволството меѓу играчите расте. Обично, каде се проблемите, таму се наоѓа и Усман Дембеле, кој во последно време е на мета на критики. И самиот француски репрезентативец не ги крие проблемите со Енрике – очигледно, двајцата не се во најдобри односи. Дембеле, кој често ја следи својата патека и живее во својот „свет“, не е задоволен од начинот на третманот од тренерот. Луис Енрике пак, како што се чини, нема намера да попушти и да ги прифати каприците на играчот. Иако Дембеле се обидува да ја прави својата работа, јасно е дека не му е лесно во тим кој бара дисциплина и структура. По ремито 1:1 против Нант на „Паркот на Принцовите“, но и по серијата разочарувачки резултати во Лигата на шампионите, тензиите во ПСЖ го достигнаа врвот. Во моментите кога работите изгледаат најлошо, многумина почнуваат да шпекулираат – дали Енрике ќе добие отказ или пак Дембеле ќе биде "пратен" на извесен одмор за да се смири ситуацијата? Но проблемите не завршуваат тука. И дефанзивецот Пренсел Кимпембе, кој конечно се врати по долгата пауза од повредата, не е среќен со своето место во тимот. Иако физички подготвен, Кимпембе не добива шанса и ова му создава напнатост. Се чини дека ПСЖ влегува во еден од најтешките периоди во последните години. И покрај сите големи имиња во тимот, проблемите во соблекувалната и на тренерскиот стол биле доволни да создадат огромна напнатост, која засега не изгледа дека ќе исчезне наскоро.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.