Teнзија во Фенербахче: Малку недостасуваше да се степаат Тадиќ и Талиска

May 10, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Teнзија во Фенербахче: Малку недостасуваше да се степаат Тадиќ и Талиска

Фенербахче во петокот славеше убедливо со 4-1 на гости против Башакшехир, но наместо резултатот, вниманието на јавноста го привлече инцидент меѓу двајца играчи на тимот – Душан Тадиќ и Андерсон Талиска. Иако клубот и натаму теоретски е во трка за шампионската титула во Турција, ваквото однесување на теренот фрли сенка врз победата. Конфликтот се случи во финишот на првото полувреме, кога Талиска бурно реагираше затоа што Тадиќ не му ја додаде топката во еден напад. Расправијата брзо се заостри, а двајцата соиграчи беа на раб на физичка пресметка. Сцената предизвика реакции во турските медиуми, кои го критикуваа однесувањето на играчите и поставија прашања за атмосферата во соблекувалната.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.