February 18, 2025 | | Свет
Милан имаше водство од 1-0 и целосна контрола на натпреварот против Феенорд, но поради непромислен потег на Тео Хернандез, тимот на „росонерите“ сега ќе мора да се бори до самиот крај. Французинот уште во првото полувреме покажа неконтролирано однесување кога прво го повлече за дрес противничкиот играч Муса, а потоа го турна на теренот. Ситуацијата стана уште полоша на самиот почеток од вториот дел, кога по одличното додавање од Леао, наместо да продолжи кон голот, Хернандез се обиде да изнуди пенал со симулирање пад. Судијата Марчинијак веднаш забележа дека немаше никаков контакт, по што му додели втор жолт картон за глума, што автоматски значеше и исклучување. Овој момент значително го отежна натпреварот за Милан, кој сега ќе мора да се избори за позитивен резултат со играч помалку.
What a Shameless dive from Theo Hernandez 😭😭🤣 pic.twitter.com/56tBCpIEV0
— Drew⚔️ (@theRAIDer01) February 18, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |