June 23, 2025 | | Свет
Една од ѕвездите на Милан, Тео Ернандез, од следната сезона ќе игра под пустинското сонце – трансферот во саудискиот гигант Ал Хилал е договорен, а остануваат уште формалности пред официјалната потврда. Иако францускиот лев бек е во врвот на својата кариера, одлучи да ги замени европските терени со богатиот фудбалски пејзаж на Блискиот Исток. Тој ги договори личните услови со Ал-Хилал кој му понуди 20 милиони евра по сезона, а Милан за него треба да добие околу 30-35 милиони евра. Од Ал Хилал се уверени дека зделката е завршена – клубот имал позитивни и конструктивни разговори со Ернандез, кој дал зелено светло за трансферот. Според планот, од утре започнуваат последните чекори за официјализација на договорот – медицински прегледи и потпис на договорот што ќе го пресели Тео во Ријад.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |