June 6, 2024 | | Свет
Тер Штеген неможе да се помири дека и понатаму ќе биде резерва и во сенка на Нојер на големите натпреварувања, па така и на Европското оваа година.
„Ми смета што сум резервен голман во репрезентацијата, ситуацијата не е ни малку едноставна за мене. Но, селекторот донесе таква одлука, иако не се сложувам со таа одлука. Му реков дека спортскиот аспект е едно, а хуманиот аспект друго. Сакам сите да знаат дека можат да рачунаат на мене“, рече тој.
Тој додаде дека има одговорност спрема тимот и ќе се потруди да помогне онаму каде што може.
„Не е проблемот со Нојер, ние сме во иста ситуација. Приватно имаме добар однос, а работно се натпреваруваме за место во стартната постава, но тоа не се одразува на нашиот приватен однос“, додава Тер Штеген.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |