August 5, 2025 | | Свет
Барселона започна дисциплинска постапка против својот капитен Марк-Андре Тер Штеген поради одбивањето да потпише дозвола за испраќање на медицинскиот извештај до Лекарскиот одбор на Ла Лига, пренесуваат шпанските медиуми. Германскиот голман, кој се рехабилитира по операција на грбот и ќе отсуствува најмалку четири месеци, го блокираше процесот што на клубот би му овозможел да искористи 80% од неговата плата за регистрација на нови фудбалери. Со тоа Барселона останува во тешка позиција и без можност да ги заврши регистрациите на засилувањата Маркус Рашфорд, Руни Барџи и Џоан Гарсија. Иако 33-годишниот Тер Штеген формално има право да не даде согласност, управата смета дека ваквиот потег сериозно ја загрозува економската и спортската стабилност на клубот. Правниот тим веќе разгледува можни санкции, вклучувајќи парична казна. Тер Штеген, кој има договор до 2028 година, во новата сезона најверојатно ќе биде трет голман, зад Џоан Гарсија и Војчех Шчесни, што дополнително ја усложнува ситуацијата и односите меѓу двете страни.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |