Тер Стеген повторно на операција? Тоа на Барселона може да ѝ одговара

July 17, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Тер Стеген повторно на операција? Тоа на Барселона може да ѝ одговара

Марк-Андре тер Стеген повторно се соочува со сериозни проблеми со грбот и би можел повторно да замине на операција, објави „Мундо Депортиво“. Потенцијалниот хируршки зафат би значел нова пауза од четири месеци, слична на онаа што ја имаше по интервенцијата во декември 2023 поради дискус хернија. Иако ваквото сценарио на прв поглед изгледа негативно, за Барселона тоа би можело да биде прилика да го растовари платниот список. Каталонскиот клуб размислува да не го регистрира Тер Стеген за новата сезона, што би отворило простор за маневрирање со платите и нови засилувања, со оглед на строгите ограничувања од финансискиот фер-плеј. Сепак, ситуацијата е деликатна – нова операција би ја одложила можноста за спогодбено раскинување на договорот, а клубот најверојатно нема да може да се ослободи од германскиот чувар на мрежата пред зимскиот преоден рок. Дополнителен проблем е и нарушениот однос со новиот тренер Ханси Флик. Тер Стеген веќе не тренира со првиот тим, туку индивидуално, а нема ниту да патува на азиската турнеја на Барса. На негово место, меѓу стативите ќе застане новото засилување од Еспањол – младиот Жоан Гарсија, кој се очекува да биде прв голман.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.