December 12, 2024 | | Свет
Напаѓачот на Јанг Бојс, Елија, дознал за смртта на својот син во Конго само неколку часа пред натпреварот против Штутгарт во Лигата на шампиони. Пред почетокот на мечот на „Мерцедес Арена“ во Штутгарт, Елија бил информиран за трагичната вест, по што одлучил да не учествува во натпреварот. Наместо да се појави на теренот, тој веднаш се упатил кон аеродромот и летнал кон Берн, од каде потоа заминал за Конго за да биде со своето семејство. Според официјалната информација од клубот, синот на Елија починал неочекувано по кратка болест. На истиот натпревар, во 6. минута, кога Лакоми постигна гол за Јанг Бојс, тој го посвети голот на Елија и неговото семејство, изразувајќи своја поддршка во овие тешки моменти.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |