Тешки моменти на дербито: Мусиала тешко повреден, Донарума со солзи во очите (ФОТО)

July 5, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Тешки моменти на дербито: Мусиала тешко повреден, Донарума со солзи во очите (ФОТО)

На европското дерби од Светското клупско првенство помеѓу Баерн Минхен и Пари Сен Жермен, во самиот финиш на првото полувреме се случи тежок инцидент. Џамал Мусиала, напаѓачот на Баерн, се обиде да стигне до една топка, но при тоа влезе во дуел со голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума. Сцената што следеше беше шокантна – Мусиала остана да лежи на тревникот, а реакцијата на Донарума кажа сè. Италијанскиот голман не можеше да ги задржи солзите. Според првичните информации, станува збор за тешка повреда, а натпреварот продолжи под сенка на сериозниот инцидент.3

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.