Листа на највредните селекции на ЕП

June 13, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Листа на највредните селекции на ЕП

Утре и официјално ќе започне Европското првенство и ќе трае до 14-ти јули каде домаќинот Германија го отвара турнирот во дуелот против Шкотска. Ова е трет пат Германија да биде домаќин на најважното спортско натпреварување на стариот континент. На ова Европско првенство ќе видиме ѕвезди како Мбапе, Кејн, Белингем и други, но и таленти како Јамал, Мусиала и Вирц кои како поединци вредат многу. Но, кои селекции имаат најголема вредност? На прво место е Англија, потоа Франција, па Португалија, следна e Шпанија и топ пет листата ја затвара домаќинот Германија. Највредните топ 10 репрезентации на ова Европско првенство: Англија 1,52 милијарди евра Франција 1,23 милијарди евра Португалија 1,05 милијарди евра Шпанија 965,5 милиони евра Германија 851 милион евра Холандија 845 милиони евра Италија 705,5 милиони евра Белгија 584,5 милиони евра Норвешка 479,6 милиони евра Данска 415,5 милиони евра  

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.