Тесна борба: Мбапе, Салах и Ѓекереш останаа во трката за Златната копачка

May 19, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Тесна борба: Мбапе, Салах и Ѓекереш останаа во трката за Златната копачка

Оваа недела е последна за сезоната во повеќето европски национални првенства. Само во неколку, како Серија А, сè уште не е познат новиот шампион. Но, покрај тоа, големо внимание привлекува трката за Златната копачка – наградата за најдобар стрелец во европските лиги. Моментално води Виктор Ѓекереш од Спортинг Лисабон со 39 голови. Сепак, бидејќи португалското првенство не е во најсилните пет европски лиги, секој негов гол вреди 1,5 бод. Затоа Ѓекереш има 58,5 бодови. Зад него се Килијан Мбапе со 29 гола (58 бодови) и Мохамед Салах со 28 гола (56 бодови). Ѓекереш веќе ја заврши сезоната. Мбапе има уште еден натпревар – викендов против Сосиедад. Салах ќе игра утре против Брајтон и в недела против Кристал Палас, кога ќе се знае каков е учинокот на Мбапе. Ниту еден од овие тројца досега нема освоено Златна копачка, па борбата ќе биде неизвесна до самиот крај.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.