Тежок удар за Алонсо: Тешка повреда заработи клучниот дефанзивец!

September 12, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Тежок удар за Алонсо: Тешка повреда заработи клучниот дефанзивец!

Реал Мадрид доби нов голем удар во пресрет на натпреварот со Реал Сосиедад – Антонио Ридигер ќе паузира најмалку два и пол до три месеци. Германскиот дефанзивец почувствувал болка на крајот од денешниот тренинг, а деталните прегледи откриле оштетување на предниот бутен мускул на левата нога. Така, Чаби Алонсо останува без еден од најискусните играчи во одбраната токму во период кога тимот има згуснат распоред и клучни натпревари во Ла Лига и Лигата на шампионите. Прогнозите велат дека Ридигер ќе биде надвор од терените помеѓу 10 и 12 недели, што значи дека ќе го пропушти и поголемиот дел од есенскиот дел на сезоната. Ова е сериозен проблем за Алонсо, кој ќе мора да се потпре на Милитао и младиот Хујсен, додека клубот веќе размислува дали да бара дополнителни решенија на трансфер пазарот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.