Тежок удар за Арсенал: Сезоната за Хаверц е завршена

February 12, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Тежок удар за Арсенал: Сезоната за Хаверц е завршена

Каи Хаверц ќе го пропушти остатокот од сезоната откако ја скина тетивата за време на тренинг кампот на тимот во Дубаи. Сѐ уште е нејасно дали на Германецот ќе му биде потребна операција за проблемот, но неговиот фокус е да ја подигне формата за почетокот на наредната сезона. Ваквата повреда ги зголемува проблемите на Арсенал во нападот. Сака ќе биде надвор од теренот до март, Мартинели се враќа за околу еден месец, а од претходно е познато и дека сезоната за Габриел Жесус е завршена. Сезонава Хаверц има 15 гола и 5 асистенции на 34 натпревари во сите натпреварувања.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.