Тимот на Фабрегас сака големи ѕвезди: Преговараат и со Варан

June 29, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Тимот на Фабрегас сака големи ѕвезди: Преговараат и со Варан

Откако се потврди дека Рафаел Варан нема да остане во Манчестер Јунајтед, неговиот договор му завршува утре и тој веќе е во потрага по нов клуб. Еден од клубовите кој сериозно е заинтересиран за Варан е новиот калчолигаш, Комо чиј тренер е Сеск Фабрегас. Тие веќе го ангажираа напаѓачот Белоти и не планираат да застанат тука. Според информациите на Фабрицио Романо, Варан е веќе во Комо каде дошол да преговара со управата на Комо како и со тренерот Фабрегас кои ќе се обидат да го убедат да потпише за нив. Ако овој трансфер се реализира, Варан ќе донесе огромно искуство и ќе се обиде да му помогне на Комо да остане во Серија А уште во нивната прва сезона.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.