Типичен потег на Руни: Фатен како уринира на улица (ФОТО)

March 31, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Типичен потег на Руни: Фатен како уринира на улица (ФОТО)

Вејн Руни повторно се најде во центарот на вниманието на британските таблоиди. Откако на почетокот на годината доби отказ од Плимут, славниот напаѓач засега не брза да се врати на тренерската сцена. Но, дури и без работен ангажман, Руни не престанува да биде тема на разговор. Синоќа беше почесен гостин на церемонијата за доделување на Британските боксерски награди, одржана во луксузен хотел во Лондон. Меѓутоа, вечерта за Руни не заврши баш како што посакуваше. На излегување од настанот, тој се најде во несекојдневна ситуација – одлучи да ја олесни природната потреба во близина на хотелот, без да сфати дека љубопитните погледи (и објективи) го следат секој негов потег. Папараците веднаш го „уловија“ моментот, а фотографиите брзо се најдоа во британските медиуми.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.