Томас Парти обвинет за силување и сексуален напад на три жени

July 4, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Томас Парти обвинет за силување и сексуален напад на три жени

Сега веќе поранешниот фудбалер на Арсенал, Томас Парти (32), е официјално обвинет од Метрополитенската полиција во Лондон за сериозни кривични дела – пет дела на силување и едно дело на сексуален напад. Обвиненијата се поврзани со три различни жени, за наводи што се случиле во периодот од 2021 до 2022 година. Според деталите, две точки за силување се однесуваат на една жена, три на втора, а сексуалниот напад на трета. Парти, кој неодамна го напушти Арсенал, ќе се појави пред Судот во Вестминстер на 5 август. Кралската обвинителска служба соопшти дека обвиненијата се поднесени откако е разгледан доставениот доказен материјал.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.