Тони Крос јавно кажа што мисли за тоа дека Барса ќе го пушти Гундоган

August 20, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Тони Крос јавно кажа што мисли за тоа дека Барса ќе го пушти Гундоган

Манчестер Сити е близу до тоа да го врати Илкај Гундоган по само една негова сезона помината во Барселона откако лани дојде како слободен агент, а сега повторно како слободен агент може да се врати во Сити. Во моментов се чека на зелено светло од Гундоган за трансферот да може да биде завршен, а Фабрицио Романо најави дека од ваквата одлука нема враќање и дека Барселона сака Гундоган да замине. Исто така, Тони Крос имаше што да каже за ваквата ситуација каде на постот на Фабрицио Романо каде најавува дека Гундоган ќе замине, Крос коментираше кратко „WOW“ со емонтикони на мајмун кој ги прекрива очите, а неговиот коментар привлече огромно внимание.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.