Тони Крос: Со победата над Реал, Барселона слави како да освоиле трофеј

February 10, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Тони Крос: Со победата над Реал, Барселона слави како да освоиле трофеј

И по неговото пензионирање од фудбалот, поранешниот играч на Реал Мадрид Тони Крос продолжува да дава изјави во свој стил. Германецот овој пат реши да ја „закачи“ Барселона. „Барселона по обичај ја слави победата над Реал како да освоиле трофеј, иако сите знаат дека тоа не е никаков трофеј. Ако мислат да играат со големите екипи и тоа на врвно ниво, мораат да го променат својот менталитет“, рече Крос. Тој нема сомнежи дека Реал Мадрид повторно ќе ја освои Ла Лига. „Реал по обичај ќе биде првак на Шпанија и оваа сезона, не се сомневам во тоа. Единствената борба ќе се води за второто место, а таму сметам дека Атлетико Мадрид ќе заврши втор“, додаде тој.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.