„Топчиите“ решени да ја задржат својата ѕвезда подолго на „Емирати“

September 13, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

„Топчиите“ решени да ја задржат својата ѕвезда подолго на „Емирати“

Арсенал е решен да го задржи еден од своите најважни играчи на долг рок. Според британските медиуми, клубот му понудил нов петгодишен договор на Вилиам Салиба, со кој францускиот дефанзивец би останал на „Емирати“ до јуни 2030 година. Иако актуелниот договор на 24-годишниот стопер трае до 2027 година, „топчиите“ сакаат навреме да ја осигураат неговата иднина, имајќи предвид дека за него сериозен интерес покажуваат големи европски клубови, меѓу кои и Реал Мадрид. Паралелно, управата на Арсенал работи и на продолжување на договорот со уште една клучна ѕвезда – Букајо Сака, чија обврска со клубот исто така истекува во 2027 година. Во меѓувреме, „топчиите“ ова лето вложија околу 300 милиони евра во нови засилувања. Најголемите инвестиции беа насочени кон средниот ред, со доаѓањето на Мартин Зубименди и Еберечи Езе, како и кон нападот, со ангажманот на Виктор Ѓокереш.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.