July 15, 2025 | | Свет
Италијанските медиуми јавуваат дека Торино официјално испратил понуда до РБ Лајпциг за перманентен трансфер на Елиф Елмас, кој минатата пролет настапуваше како позајмен играч во тимот од Серија А. Според информациите, понудата изнесува 12 милиони евра, што е значително пониска од првичната откупна клаузула од 17 милиони евра, која беше активна по завршувањето на сезоната 2024/25. Елмас во вториот дел од сезоната брзо се етаблираше како клучен играч во средниот ред на „Биковите“, оставајќи силен впечаток со својата енергија, визија и флексибилност на теренот. И покрај тоа што првичната клаузула не беше активирана, Торино не се откажува од намерата да го задржи Македонецот, но се обидува да преговара за пониска откупна цена. Сега останува да се види дали РБ Лајпциг, кој го ангажираше Елмас во јануари 2024 за околу 23–24 милиони евра, ќе прифати да ја продаде својата инвестиција за речиси двојно помала сума.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |