Торино откри како изгледаше првиот ден на Елмас во новиот клуб (ВИДЕО)

January 30, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Торино откри како изгледаше првиот ден на Елмас во новиот клуб (ВИДЕО)

Италијанскиот калчолигаш Торино триумфално ја доби битката со Валенсија и успеа да го привлече македонскиот репрезентативец во своите редови. По блескавите настапи во дресот на Наполи, Елмас повторно ќе ги освои италијанските терени, овој пат како клучно засилување за „биковите“ во вториот дел од сезоната. Торино не го криеше задоволството што го врати Елиф во Италија, па подготви видео за да го претстави својот нов играч. Од пристигнувањето во базата, преку медицинските прегледи, па сè до моментот на потпишување на договорот – клубот го овековечи секој значаен миг од првиот работен ден на Елмас во „Торо“. По разочарувачката епизода во РБ Лајпциг, каде што не доби вистинска шанса да се докаже, македонскиот мајстор со топката сега има јасна цел – да го покаже своето најдобро издание и да остане во Италија и Серија А. Торино го ангажираше како позајмен фудбалер, но со опција за целосен откуп на крајот од сезоната, што значи дека иднината му е во неговите раце. Љубителите на фудбалот со нетрпение очекуваат да го видат Елмас повторно во акција, а Торино верува дека токму тој ќе биде важен адут во борбата за повисоки позиции. Големиот предизвик е пред него, а сега останува да се докаже и да ја запише оваа нова етапа во својата кариера со успех!

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.