Торино сака да го откупи Елмас

March 4, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Торино сака да го откупи Елмас

Елиф Елмас во јануари одлучи да ја напушти Лајпциг на позајмица и да се пресели во Торино, каде што веднаш остави силен впечаток. За кратко време одигра три натпревари и постигна два гола, што го натера претседателот на клубот, Урбано Каиро, да наложи на спортскиот сектор да започне преговори со германскиот клуб за негов откуп. Македонскиот репрезентативец во јануари 2024 година направи трансфер од Наполи во Лајпциг за 24 милиони евра, но не успеа да се наметне кај тренерот Марко Росе. Во есенскиот дел од сезоната доби минимална минутажа – само 44 минути во Бундеслигата и 15 минути во Лигата на шампионите. Незадоволен од својот статус, Елмас побара да замине на позајмица и го избра Торино – одлука што се покажа како вистински потег. Италијанскиот клуб при неговото доаѓање обезбеди опција да го откупи договорот на крајот од сезоната за 17 милиони евра. Сепак, спортскиот сектор на „биковите“ ќе се обиде да ја намали оваа сума и ќе влезе во преговори со Лајпциг со цел да обезбеди поповолни услови за трансферот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.