May 12, 2025 | | Свет
Барселона и Реал Мадрид уште еднаш понудија спектакуларно „Ел Класико“, но овојпат сета слава ѝ припадна на Барса, која славеше со 4-3 и речиси ја заклучи трката за титулата во шпанската Примера. Натпреварот започна со силен старт од Реал и рано водство, но следуваше фудбалска лекција од избраниците на Ханси Флик. Во период од првото полувреме, Каталонците беа толку доминантни што Реал Мадрид дури 23 минути не успеа ниту еднаш да мине на противничката половина. Од моментот на асистенцијата на Винисиус за Мбапе до следниот продор на Белингем, поминаа неверојатни 22 минути и 32 секунди. Во тој период Барса постигна четири гола и целосно го сврте резултатот во своја корист, иако беше во негатива од 0-2. На полувреме каталонскиот гигант замина со убедлива предност, која ја задржа и покрај обидите на „кралевите“ да се вратат во игра. Со оваа победа, Барселона сега има седум бода предност на табелата пред Реал Мадрид, само три кола пред крајот на сезоната, и практично е на чекор до својата 28-ма титула.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |