Тотенхем го договори наследникот на Постекоглу!

June 10, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Тотенхем го договори наследникот на Постекоглу!

Одново Тотенхем донесе контроверзна одлука и го избрка тренерот кој му донесе трофеј по децениски пост. Постекоглу го освои трофејот во Лигата на Европа, па потоа беше отпуштен од страна на управата. Томас Франк, моменталниот тренер на Брентфорд ќе биде наследникот на Анге Постекоглу и ќе има задача да внесе нова енергија, иако промената е чудна. Клубот од Лондон постигнал целосен договор со Данецот околу условите на договорот, како и неговиот стручен штаб. Брентфорд се согласил да го ослободи Франк за сума од околу 10 милиони фунти. Тотнем доби нов менаџер – Томас Франк ќе го преземе кормилото на „спарси“, потврдува Фабрицио Романо со препознатливото „here we go!“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.