Тотенхем минимално против Ливерпул во првото полуфинале од Лига Купот (ВИДЕО)

January 8, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Тотенхем минимално против Ливерпул во првото полуфинале од Лига Купот (ВИДЕО)

Ливерпул денеска го претрпе вториот пораз оваа сезона, откако во Северен Лондон загуби од Тотенхем во рамките на првиот натпревар во полуфиналето на Лига Купот. Претходно, „црвените“ беа поразени од Нотингем Форест во Премиер лигата. Клучниот момент на натпреварот се случи во 86. минута, кога Бергвел постигна гол за водство на Тотенхем од 1-0, што се покажа како конечен резултат. Реваншот на „Енфилд“ е закажан за 6. февруари, каде Ливерпул ќе се обиде да се врати во игра.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.