Трагедија: Почина фудбалерот кој колабираше на мечот од Копа Либертадорес! (ВИДЕО)

August 28, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Трагедија: Почина фудбалерот кој колабираше на мечот од Копа Либертадорес! (ВИДЕО)

Хуан Мануел Искијердо Вијана почина откако колабираше на теренот за време на натпревар од Копа Либердаторес минатата недела. Тој на 22 август на полувремето влезе на теренот против бразилскиот великан каде ненадејно падна во 84. минута. Доцна синоќа стигна ужасната вест дека тој починал поради „кардиореспираторен застој поврзан со срцева аритмија“. „Со длабоко жалење и шок, Насионал потврдува дека почина нашиот драг фудбалер Хуан Искиердо. Изразуваме длабоко сочувство до неговото семејство, пријателите, саканите и колегите. Сите во Насионал доживеаја ненадоместлива загуба“ – се вели во соопштението на уругвајскиот клуб.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.