Трагичарот Ноер за првпат „поцрвене“, Баерн елиминиран во Купот од Баер Леверкузен! (ВИДЕО)

December 3, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Трагичарот Ноер за првпат „поцрвене“, Баерн елиминиран во Купот од Баер Леверкузен! (ВИДЕО)

Баерн Минхен доживеа елиминација од Купот на Германија откако со 1:0 беше поразен од Баер Леверкузен. Домаќините од 17. минута играа со фудбалер помалку поради црвен картон на голманот, Мануел Нојер. На местото на Ноер на голот застана Перец, а Лерој Сане беше тој кој го напушти теренот. Победата за Леверкузен ја донесе Натан Тела кој знаеше да го искористи нафрлувањето од Грималдо за 1:0 со што ја донесе победата за својот тим.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.