Трагична вест: Почина момчето чија последна желба беше да се сретне со Мбапе

February 13, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Трагична вест: Почина момчето чија последна желба беше да се сретне со Мбапе

Медиумите известуваат дека починал Лоренцо, младото момче кое страдаше од неизлечлива болест и чие последно желба беше да се сретне со Килијан Мбапе. Минатиот месец, Мбапе направи хуман гест кој привлече внимание во јавноста. Лоренцо, момчето од Франција, го замолил напаѓачот на Реал Мадрид да го сретне, а Мбапе не двоумел. Откако дозна за желбата на Лоренцо, Килијан го испратил својот приватен авион и го довел момчето во Мадрид, каде што му овозможил средба со целиот тим на „кралевите“. „Ова беше многу посебен момент. Во животот постојат поважни работи од фудбалот и сакам да им се заблагодарам на сите во клубот кои помогнаа да го донесам Лоренцо. Ова беше неверојатно искуство за него“, изјави Мбапе. За жал, медиумите пренесуваат дека здравствената состојба на Лоренцо се влошила во последниве денови, и момчето починало.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.