Трајковски херојски го спаси Хајдук од пораз! (ВИДЕО)

April 13, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Трајковски херојски го спаси Хајдук од пораз! (ВИДЕО)

Александар Трајковски се покажа како херој на Хајдук, откако во самиот финиш го спаси својот тим од пораз против Локомотива Загреб. Македонскиот репрезентативец го постигна единствениот гол за тимот од Сплит, во 98. минута од натпреварот, со прецизен удар со глава по нафрлување од Ливаја. Иако Хајдук не успеа да стигне до цел плен и испушти шанса да се врати на врвот на табелата, ремито го задржа тимот на само еден бод зад водечката Ријека. Средбата во рамки на Хрватската прва лига заврши 1-1, а Трајковски го впиша своето име како клучен играч во драматичната завршница.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.