May 18, 2025 | | Свет
Александар Трајковски уште еднаш потврди дека е фудбалер за големи моменти. Иако оваа сезона ретко добиваше шанса од тренерот Џенаро Гатузо, кога ќе се појави на теренот, секогаш дава максимум – а токму така беше и во јадранското дерби против Ријека. Со голот со глава, Трајковски ја запечати победата од 2:1 и донесе голема надеж за Хајдук Сплит во пресрет на драматичната завршница од шампионатот. Со оваа победа, Хајдук останува во трката за титулата, заедно со Динамо Загреб и лидерот Ријека. Разликата меѓу трите екипи е минимална: Ријека има 1 бод предност пред Динамо и 2 бода пред Хајдук. Така, Хрватска добива крајно возбудливо финале на сезоната, во кое шампионот ќе се решава во последното коло. Еве го сценариото за последната рунда: Ријека е шампион ако победи дома против Славен Белупо. Динамо Загреб мора да победи против Вараждин и да се надева дека Ријека ќе киксне. Хајдук има најтешка задача – мора да го совлада Шибеник и да чека пораз или реми на Ријека и кикс на Динамо. Како и да заврши, ова е една од најнеизвесните завршници во историјата на хрватскиот фудбал, а Трајковски, со својот пресуден погодок, директно ја втисна Македонија во фудбалската хроника на оваа сезона.
ALEKSANDAR TRAJKOVSKI MAKES IT 2-1!!!#HNL #HAJRJKpic.twitter.com/f09iEN3d3f
— Croatian Football (@CroatiaFooty) May 18, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |