August 13, 2025 | | Свет
Ривалите од Северен Лондон, Арсенал и Тотнем, повторно ќе се соочат – но овојпат не на теренот, туку на трансфер пазарот. И двата клуба се во жестока борба за потписот на офанзивниот играч на Кристал Палас, Ебере Езе, кој се чини дека е пред заминување од „Селхарст Парк“. Арсенал подолго време го следи 26-годишниот англиски репрезентативец, но Тотнем се приклучи во трката неодамна, решен да ја расипе работата на својот најголем градски ривал. Според медиумите во Англија, двата клуба веќе воспоставиле контакт со претставниците на Езе и се активни во преговорите. Клучниот фактор е неговата откупна клаузула од 78,6 милиони евра, која истекува во петок. До тогаш, секој заинтересиран тим може да го обезбеди неговиот потпис по оваа цена, но и Арсенал и Тотнем се надеваат дека ќе успеат да договорaт нешто пониска сума, користејќи ја ситуацијата што Палас не сака да го изгуби играчот без замена. Во приказната влегува и трета страна – Њукасл Јунајтед. „Свраките“ имаат финансиска моќ и желба да го привлечат Езе, а нивниот проект и амбиции би можеле да бидат силен мотив за играчот. Не е исклучено токму Њукасл да ја „украде“ целта на двата севернолондонски гиганта, оставајќи ги Арсенал и Тотнем без засилување што очајно го посакуваат пред стартот на новата сезона.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |