Трансфер-драма: Челси сака да го врати Џексон, агентот категоричен – останува во Баерн

August 31, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Трансфер-драма: Челси сака да го врати Џексон, агентот категоричен – останува во Баерн

Фудбалскиот клуб Челси веќе беше договорен со Баерн Минхен за продажба на Николас Џексон, но пред самата реализација на трансферот настана голем пресврт. Имено, по повредата на Лијам Делап, „сините“ одлучија да го стопираат трансферот и да го вратат Џексон како резервна опција во нападот. Сепак, неговиот агент веднаш реагираше и изјави дека играчот нема да се врати на „Стемфорд Бриџ“, туку останува во Минхен да го комплетира трансферот. Преодниот рок завршува утре, а останува да се види како ќе заврши оваа трансфер-драма меѓу Челси и Баерн.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.