August 5, 2025 | | Свет
Њукасл има испратено официјална понуда од 80 милиони евра плус 10 милиони евра во бонуси за напаѓачот на Лајпциг, Бењамин Шешко, но веднаш потоа и Манчестер Јунајтед излезе со понуда која е за околу 5 милиони евра пониска. Она што ја прави ситуацијата уште поинтересна е фактот што Шешко веќе се договорил за личните услови со двата клуба, па сега целосната одлука зависи од Лајпциг – кој клуб ќе понуди поповолна структура на трансферот и дополнителни бонуси. Според последните информации, Њукасл има мала предност, но конечната одлука се очекува да биде донесена во наредните часови или најдоцна утре. Оваа зделка може директно да влијае и на иднината на Александер Исак, кој би можел да замине од „Сент Џејмс Парк“, а најчесто се споменува како можен трансфер во Ливерпул.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |